Хоти: Белград се согласи на процес, чиј исход мора да биде признавање



Хоти: Белград се согласи на процес, чиј исход мора да биде признавање - МИА

Приштина, 16 септември 2020 () – Преговорите со Белград мора да завршат со трајно решение на проблемот, рече косовскиот премиер Авдулах Хоти, пренесува Танјуг.

– Србија се согласи да влезе во процесот на дијалог, што ќе доведе до заемно признавање на двете земји, рече Хоти за време на онлајн дискусијата за дијалогот, организирана од граѓанско општество.

Она на што се работи во оваа фаза, рече Хоти, е изготвување на елементите на конечниот договор.

Тој истакна дека за територијалниот интегритет на Косово не може да се преговара и оти за тоа не се разговарало на ниту една тркалезна маса на која тој учествувал во текот на изминатите три месеци.

Во врска со утрешниот состанок во Брисел, нема да се разговара за Заедницата на српски општини, така што нема да биде „опасна средба за нас“, рече косовскиот премиер, кој индиректно одговори на изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека отворањето на прашањето на ЗСО беше „чекор назад“ за Приштина, пренесува Танјуг.

Делегациите на Белград и Приштина утре на експертско ниво ќе разговараат за финансиските обврски на двете страни, вклучително и воените надоместоци и пензиите, рече Хоти.

Тој нагласи дека Приштина од договорот постигнат во Вашингтон со Белград ќе има корист од околу една милијарда американски долари инвестиции во разни проекти.


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*