Хенкел поради Србија воведува ковид сензори


18 јануари 2021



Њујорк тајмс

Откако во фабриката на Хенкел во Србија дојде до масовно заразување на вработените со коронавирусот, оваа компанија се одлучи за драстични мерки – воведе футуристички антиковид сензори за сите вработени, кои пиштат и светкаат кога некој премногу ќе им се приближи.

Бејзбол сезоната 2019-20 беше суспендирана повеќе од 140 дена откако еден играч беше позитивен на коронавирусот. Кога сезоната продолжи во јули, никој друг не беше позитивен. Бејзбол лигата избегна ширење на заразата така што побара од екипите да играат во изолирана област позната како Меур, во близина на Дизни рисортот на Флорида.

Во сето тоа им помогна и технологијата: наракавицата што ја носат играчите, тренерите и помошниот персонал надвор од теренот, а мора да ја носат и новинарите кои ги следат натпреварите.  Мал дигитален чип во наракавицата пишти и светка кога некој премногу и предолого ќе се доближи. Ракавицата потоа ја презеде и националната фудбалска лига, а потоа и другите лиги во целиот свет.

Нараквицата на минхенскиот стартап Кинексон, благодарение на публицитетот што го доби, бидејќи помогна врвните спортисти да не се заразат, иако таа технологија кај многумина предизвикува загриженост поради повреда на приватноста. Сега овие нараквици се проширија и во други арени: фабрики, магацини, логистички центри, каде милиони луѓе продолжуваат да работата и покрај пандемијата.

Се почна од Србија

Една од компаниите кои соработува со Кинексон е и Хенкел, светски производител на индустриска и куќна хемија со седиште во Германија. Кога десетина работници се заразија со корона во нивната фабрика во Србија минатата пролет, фабриката беше затворена две недели и имаше милионски загуби, изјави за Њујорк тајмс Волфганг Вебер, менаџер во Хенкел.

Хенкел претходно ја тестираше претходната верзија на технологијата на Кинексон, чија цел е да спречи несакана „средба“ на багерите и вилушкарите со работниците. Сензорите во моментот го запираат вилушкарот ако премногу се приближи до работникот.

По епидемијата во српската фабрика, Кинексон му понуди на Хенкел можност да ја тестира варијацијата на нивната технологија – СејфЗон. Станува збор за лесен сензор што се носи на рачниот зглоб како часовник или околу врат како пропусница. Сензорот пишти и светка ако друг сензор ја пречекори дозволената дистанца на одреден временски период. Хенкел се согласи да ја испорба СејфЗон (безбедносна зона).

Тестирањето во реалниот свет е важно за Кинексон. „Тоа што ни е важно е технологијата на која работевме во лабораторија да ја доведеме таму каде им е потребна на луѓето, без оглед дали станува збор за фабрики или спортски натпревари“, изјави Оливер Тринхера, коосновач на Кинекстон и еден од директорите.

Безбедна зона во Полска

Хенкел го тестираше системот на сите вработени во фабриката во Рациборц во Полска, каде 250 луѓе работат во три смени на производство и паковање на детергенти за Централна Европа.

Сензорите се програмирани да се вклучат ако две лица стојат на оддалеченост помала од 1,5 метри подолго од пет секунди. Сензорите ја мерат далечина со сигнали од широк опсег, кои се точни и користат помалку енергија од блутут сигналот.

Мирела Зиелинска, која пет години работи во полската фабрика изјави дека брзо се навикна на носење на ракавицата и оти таа често ја потсетува дека треба да држи дистанца. „Во почетокот бевме загрижени, но сега се ни се чини нормално“, рече таа.

Тоа не значи дека нема неочекувани случки. Сензорите детектираат дистанца и преку ѕидовите на тоалетите, па се случува алармот да запишти во незгоден момент.

Работниците сензорите ги носат за време на целата смена за да ги потсети да држат дистанца и во кантината.

Адријан Вициск, менаџер на фабриката, вели дека сензорите пиштат како кога ќе заборавите да се врзете во автомобил. „Тоа на крајот го смени однесувањето на возачите“, рече тој и изрази надеж дека истото ќе се случи и во овие сензори.

Грижи поради кршење на приватноста

Системот неколку недели чува податоци за тоа колку пати некој работник премногу се приближил до другите, што е корисно за следење на контактите на заразените, но предизвикува загриженост дека менаџментот тоа го користи за да ги следи работниците.

Хенкел тврди дека само мал број менаџери на високи позиции имаат пристап до тие податоци и оти компанијата ги извести работниците дека сензорите никогаш нема да ги користи за следење на нивното движење, освен во случај ако некој од нив се зарази.

На подолг период, технологијата би можела да помогне на германската компанија да ги преобликува своите процедури за да се избегне близок контакт, рече Вебер.

Кинексон технологијата е продадена на голем број познати германски фирми, вклучително на производителот на гуми Континетал и логистичкиот гигант ДБ Шенкер, а Кинексон соопшти дека работи и со американските компании, но оти се обврзани со договор да не ги откриваат нивните имиња.

Компанијата со својата технологија снабдува повеќе од 200 компании ширум светот и се проценува дека нивните сензори спречуваат 1,5 милиони контакти дневно, иако е тешко да се потврди таквиот податок. Цената на сензорот се движи од 100 до 200 долари.

Шестнеделното тестирање во Полска, кога ниту еден работник не беше позитивен, го убеди Хенкел да ја употреби технологијата во сите свои фабрики во следната година.

Ако се утврди дека вакцините се успешни и оти пандемијата ќе заврши годинава, Вебер вели дека сензорите ќе се вратат на својата првобитна намена – да спречуваат судири помеѓу вилушкарите и работниците.