Харадинај: САД се против поделбата на Косово


Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај денеска на прес конференција, по откривањето на споменикот на жртвите на нападот врз Кулите близначки на 11 септември, предупреди на опасноста од „српската пропаганда“ против неговата земја заради напорите на Белград да се повлечат признавањата на косовската независност, пишува косовскиот весник „Газета Експрес“.

-Продолжуваат обидите на Србија за укинување на меѓународното признание на суверенитетот на Косово, изјави Харадинај.

Во врска со смената на Џон Болтон од позицијата советник за национална безбедност, кој,  според медиумите, е поддржувач на идејата за поделба на Косово, премиерот изјави дека САД го штитат Косово, а Болтон не ја поддржуваше идејата за поделба.

-За САД Косово е линија на фронтот. Убеден сум дека САД ќе бидат со Косово. Слушнавме многу гласини. Никој во САД не ја поддржува поделбата на Косово, вклучувајќи го и Болтон, рече Харадинај.

Тој повтори дека 100-отстоните царини за увозот од Србија,  што минатата година го наметна неговата влада, ќе бидат повлечени само откако Србија ќе го признае суверенитетот на Косово.

-Царините ќе бидат повлечени само по признавањето, рече Харадинај за време на прес конференцијата во Приштина.


Вести

СОНК: МОН не смее да дава предлози за формирање нов универзитетски синдикат

–  Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК реагира во однос на дел од ставовите што вчера ги соопшти Министерството за образование и наука во врска со начинот на зголемување на платите во […]

Вести

Во почетокот на февруари ќе се знае методологијата за утврдување на имотната состојба на судиите

-До крајот на јануари или почетокот на февруари ќе биде позната во целост методологијата според која ќе се утврдува имотната состојба на судиите. Притоа, низ процесот нема да минат сите судии, туку само оние што […]

Вести

Собранието на 11 февруари ќе го ратификува протоколот за НАТО, на 12-ти ќе се распушти

– Претседателот на Собранието Талат Џафери планира на 11 февруари да закаже седница со единствена точка на дневен ред – ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Следниот ден, на 12 […]