Харадинај: Не беше лесно да се спречи распарчувањето на Косово


Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај оцени дека неговата партија, Алијансата за иднината на Косово (ААК), е денес „поблиску од било кога до реализација на проектот 100 отсто држава“, јави дописникот на МИА од Приштина.

По синоќешната средба со локалните партиски структури во Исток, во рамки на неофицијалната кампања што ја започна за предвремените парламентарни избори што треба да се одржат есенва, Харадинај на својата страница на Фејсбук напиша дека вложил големи напори да го спречи, како што наведе, „распарчувањето на Косово“.

– Не беше лесно да се спротивставиш на проектот за распарчување на Косово. Не беше лесно да се формира војската, ниту да се заокружи прашањето на Трепча и другите големи теми од национален интерес. Но, нашиот отпор и конзистентност се исплатеа и денес сме поблиску од било кога до реализација на проектот 100 отсто држава, напиша Харадинај, кој минатиот месец поднесе оставка од премиерската функција.

Како премиер, Харадинај беше најголем противник на заложбите на косовскиот претседател Хашим Тачи за „корекција на границите“, со цел постигнување конечно решение за споровите со Србија. Идејата на Тачи индиректно ја поддржа неговиот српски колега, Александар Вучиќ, кој се заложи за „разграничување со Косово“.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]