Харадинај: Измамникот Курти и се предаде на Србија


– Поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај вечерва оцени дека Албин Курти им се  предал на Србите со одлуката да ги суспендира таксите на увозот на сировини од Србија и БиХ.

„Вечерва измамникот Албин и се предаде на Србија. Ова е почеток на враќањето на Србија и Русија на Косово“, напиша Харадинај на Фејсбук .

Харадинај, чија влада ја воведе таксата од 100 отсто кон крајот на 2018 година, му порача на Курти и дека денеска е одговорен за „повторно освојување на Косово од страна на Србија“.


Вести

Расте бројот на инфицирани со Ковид-19, но засега нема поригорозно ограничување на движењето на граѓаните

– Во деноноќието меѓу 30 и 31 март се потврдени 44 нови случаи на инфицирани со коронавирусот, со што бројот на вкупно заболени досега достигна 329, од кои 12 се излекувани, а деветмина починаа. Властите […]

Вести

Минимална плата и дополнителни кредити за приватниот сектор за зачувување на работните места и ликвидност

– Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на […]

Вести

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство. – Обвинетите, во различни кривично-правни […]