Харадинај и Рама со највисоки плати меѓу премиерите во регионот


Премиерите на Косово и на Албанија, Рамуш Харадинај и Еди Рама добиваат највисоки плати во регионот во споредба со премиерите на другите земји, се наведува во извештајот на Светска банка.

Од друга страна премиерката на Србија, Ана Брнабиќ е со најниска плата во регионот. Нешто повисока плата од неа имаат премиерите на Македонија, Зоран Заев и на Црна Гора, Душко Марковиќ.

– Шефот на косовската Влада, Харадинај има највисока плата или 2.950 евра. Веднаш по него, според висината на месечната плата е неговиот албански колега Рама, со 1.700 евра. Наспроти тоа Албанија и Косово се со најниски просечни месечни плати на Балканот, кои се пониски дури петпати од премерските плати, наведуваат албанските меиуми.

Српската премиерка Брнабиќ има најниска плата во регионот, односно 1.000 евра, додека македонскиот премиер Заев има месечна плата од 1.300 евра, а претседателот на црногорската Влада, Марковиќ има месечни примања од 1.130 евра.

Просечната месечна плата во Црна Гора изнесува 751 евро, по што следуваат Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]

Вести

„Рекет“ – епизоди со специјално-обвинителски искази и партиски обвинувања

Официјалните активности на Обвинителството за расветлување на случајот „Рекет“ вчера продолжија со исказ на Бурим Рустеми, третиот обвинител од Специјалното јавното обвинителство (СЈО) кој сведочеше за прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“, која ја води […]