Харадинај го поздрави договорот Косово – Србија за железнички и патен сообраќај


– Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај го поздрави денешното потпишување во Минхен на писмото за намери за обновување на железничкиот и патниот сообраќај меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на Твитер, Харадинај порача дека сега е време за „големото финале“, односно конечниот договор меѓу Косово и Србија, со меѓусебно признавање на двете држави.

Тој посебно ја нагласи улогата на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговиот специјален пратеник, амбасадорот во Германија, Ричард Гренел во водењето и олеснувањето на дијалогот Приштина – Белград.

– Им ракоплескам на визијата и лидерството на Ричард Гренел и на американскиот претседател за водењето и ефикасното олеснување на нормализирањето и функционализацијата на железниците и автопатиштата што ги поврзуваат Косово и Србија. Сега е потребно големото финале, меѓусебното признавање, како што потенцира и американскиот претседател во двете писма од минатата година, напиша Харадинај.

Писмото за намери за обнова на железничкиот и патниот сообраќај меѓу Косово и Србија е потпишано утрово од претставници на надлежните институции на двете земји. На потпишувањето, покрај амбасадорот Гренел, присуствуваа и претседателите на двете држави, Хашим Тачи и Александар Вучиќ.

Претходно, минатиот месец, во Берлин беше потпишано писмо за намери за обновување на воздушниот сообраќај меѓу Приштина и Белград. 


Балкан

Хрватскиот јавен обвинител кој тврдеше дека е масон поднесе оставка

Главниот хрватски јавен обвинител Дражен Јелиниќ испрати барање од хрватската Влада да биде разрешен од функцијата, бидејќи бил дел од масонска ложа. Како што јави дописникот на МИА, барањето за смена обвинителот го даде по […]

Вести

Чулев ја потврди полициската акција во Крушопек

– Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар […]

Вести

Кандидатите за пратеници ќе можат да собираат потписи и на нотар, дополнително запишување во ИС на лица со 18 години

– Освен прекројувањето на шестата и петата изборна единица, измените на Изборниот законик предвидуваат и други новини кои треба да се применуваат на претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. -Некои од измените на Изборниот […]