Грвала: Мерките на ЕУ кон Косово се порака до Вучиќ дека може да продолжи да го дестабилизира регионот

grvala
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Косовската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Доника Грвала ги оцени како непотребни најавените мерки од страна на Европската унија кон Косово поради неисполнување на барањата за преземање дејствија за средување на ситуацијата на северот од земјата, населен со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.

По церемонијата по повод почетокот на кампањата „Прослави со срце, не со оружје“, која ја спроведува косовското Министерство за внатрешни работи, Грвала рече дека со најавените санкции кон Косово ќе му се испрати опасна порака на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека може да продолжи „да го дестабилизира не само Косово, туку и сите соседи наоколу“.


– Мерките кои се преземени во рамките на напорите на ЕУ за деескалација на состојбата на косовскиот север, се мерки кои ЕУ ги смета за оправдани. Ние сметаме дека таквите мерки се непотребни, затоа што е битно во една таква ситуација во каква се наоѓаме да се испрати јасна и недвосмислена порака на оние кои ги предизвикаа немирите во северно Косово. Лично сметам дека таквите мерки се опасни, затоа што можат да му создадат впечаток на српскиот претседател, Вучиќ дека може да продолжи на истиот начин да го дестабилизира не само Косово, туку и сите соседи наоколу, рече Грвала.

Според шефицата на косовската дипломатија, најавените мерки од Брисел не значат блокирање на европските фондови за Косово, како што објавија некои медиуми, туку само нивно привремено суспендирање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK