Гренел: Тачи го откажа патувањето за Вашингтон


Гренел: Тачи го откажа патувањето за Вашингтон - МИА

Вашингтон, 24 јуни 2020 () – Со нетрпение го очекувам разговорот со претседателот Вучиќ и со премиерот Хоти, изјави специјалниот претставник на Белата куќа, Ричард Гренел, објаснувајќи дека Хашим Тачи го информирал дека нема да дојде во Вашингтон, на средбата што е закажана за сабота, откако против него денеска беше покренато обвинение.

Гренел на Твитер напиша дека Тачи го информирал дека го откажува патувањето, по изјавата на Специјалното обвинителство.

„Ја почитувам одлуката на Тачи да не присуствува на разговорите додека не се решат правните прашања во врска со обвинението“, напиша Гренел на Твитер.

Специјалното обвинителство за Косово денеска покрена обвиненија против Хашим Тачи, Кадри Весели и други осомничени за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства. .


Вести

Во светот речиси 46 милиони луѓе заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот моментно е 45.954.499, регистрирани се досега 1.194.485 смртни случаи и има 33.275.706 оздравени. Русија Во последните 24 часа во Русија се регистрирани повеќе од 18.000 нови случаи […]

Вести

ЕУ очекува што е можно побрзо договор за преговарачката рамка и старт на преговорите за членство

-Евроамбасадорот Дејвид Гир се надева дека што е можно побрзо ќе биде постигнат договор за преговарачката рамка и ќе може да се одржи меѓувладината конференција за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, […]

Вести

Градинките и училиштата остануваат отворени, засега во нив нема жаришта на коронавирусот

– Градинките и училиштата во кои настава посетуваат деца до трето одделение и натаму остануваат отворени. Надлежните велат дека засега ситуацијата е под контрола и оти нема ширење на зараза од коронавирусот во овие установи. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*