Гренел: На Трамповата администрација и се допаѓа идејата за „мини Шенген“ и сака сите да учествуваат во неа



Гренел поднесе оставка од функцијата во Стејт департмент - МИА

 

Белград, 15 септември 2020 () – „Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 20-годишниот конфликт меѓу Србија и Косово гледа како нешто што беше лошо управувано, а ние се прашувавме како можеме поинаку да работиме“, изјави Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател за дијалог меѓу Белград и Приштина.

Како што јави дописникот на од Белград, Гренел за Српското радио во Чикаго, изјави дека „досега сите се фокусирале на политиката, а ние се фокусиравме на економијата и сакаме капитализмот да дојде во регионот на голема врата, да создадеме нови работни места, што досега не успееа оние кои се фокусираа на политичкиот аспект на конфликтот меѓу Србија и Косово.“

-Нашиот пристап кон надворешната политика е различен, не сакаме да се мешаме во решавањето на проблемите. Проблемите треба да ги решат оние кои живеат на некоја територија, луѓето што се таму, на терен, посочи тој.

Запрашан за идејата за мини Шенген, Гренел објасни дека САД нема да учествуваат или да ја надгледуваат, но дека им се допаѓа идејата и сакаат сите да учествуваат во неа.

-Затоа тоа го ставивме во овие преговори, да видиме дека и Србија и Косово учествуваат во мини-Шенгенот. И, идејата навистина ни се допаѓа, тоа е добра идеја за комерцијална соработка и градење мултилатерални организации засновани на создавање на профит и вработување луѓе, во борбата за капитализмот – изјави Гренел.

По повод претстојното отворање на канцеларијата на Американскиот фонд за развој во Белград, прва и единствена во регионот, Гренел оцени дека идејата на САД е да понуди, да обезбеди пари за реализација на проекти за кои веруваме дека можат да бидат успешни, да го следиме протокот на тие пари. Концентрацијата на вакви економски проекти им дава подобар живот на младите во регионот, а политичарите подоцна ќе постигнат политички договори, смета Гренел.

– Ние се обидуваме да не се занимаваме со симболика, да не се занимаваме со политичка симболика, со која се занимаваат многу политичари … Нашата ДФЦ канцеларија и агенција во Америка сметаа дека постои доволно работа, каде што можеме да имаме тим на теренот што ќе може да ги заврши сите проекти во Србија. Сите тие се економски водени проекти кои што сакаме да ги постигнеме, затоа е канцеларијата во Белград. Не поради симболиката, туку да одговориме на големиот број на проекти кои веќе ги имаме – кажа Гренел.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*