Гренел до Тачи: Прогресот во односите со Србија подразбира укинување на таксата



– Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Германија и специјален пратеник на претседателот Доналд Трамп за дијалогот меѓу Косово и Србија Ричард Гренел, кој допатува синоќа во Приштина, му порача на косовскиот претседател Хашим Тачи дека очекуваниот прогрес во односите со Србија подразбира укинување на таксата од 100 отсто на српскиот увоз, јави дописникот на МИА од Приштина.

По синоќешната вечера со американскиот дипломат, Тачи во порака на својот Твитер ја нагласи потребата од итно продолжување на дијалогот со Белград и постигнување конечен договор меѓу двете земји.

– Имав плодна средба со Ричард Гренел на која дискутиравме за дијалогот меѓу Косово и Србија. Му се заблагодарив за посетата и за посветеноста на овој процес. Нагласив дека е потребно итно продолжување на дијалогот и дека улогата на претседателот Доналд Трамп во постигнувањето конечен договор е неопходна, напиша Тачи.

Во коментар на твитот на Тачи, американскиот дипломат ја нагласи потребата од укинување на таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, која пред нешто повеќе од една година ја воведе премиерот, сега во оставка, Рамуш Харадинај.

– Благодарам господине Претседателе. Треба да постигнеме напредок – кој подразбира укинување на таксите, порача Гренел.

Американскиот дипломат во текот на денешниот ден ќе има официјални средби со државните и политичките челници во Приштина, по што ќе отпатува за Белград, каде што утре претпладне ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ. 


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]