Грција задутре го отвора преминот Евзони и ја чека одлуката од ЕУ за влез на државјани од трети земји


Грција на 1 јули ќе ја отвори границата со Северна Македонија, но само преминот Евзони (ДПЛ) - МИА

Атина, 29 јуни 2020 () – Грција задутре отвора седум гранични премини на копнените граници со Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Турција, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на од Атина.

Во однос на нашата земја, како што и беше претходно најавено, ќе биде отворен само граничниот премин Евзони (Богородица), додека пак кон останатите три земји отворени ќе бидат по два гранични премини.

-Од задутре, ќе биде дозволено и пристигнување на бродови од странство на грчките пристаништа. Во исто време, се отвораат точките за влез на Евзони, Какавиа, Кристалопиги, Промахонас, Нимфеа, Кастањес и Кипи. Владата продолжува да се подготвува за да обезбеди максимална можна заштита на здравјето на работниците во секторот, на жителите на туристичките дестинации и секако на нашите посетители, рече Пецас.

Сепак, во однос на влезот во Грција на државјани од трети земји, портпаролот на грчката Влада, на брифингот со новинарите објасни дека ги очекуваат одлуките од Европската Унија. Рече дека станува збор за тешка дискусија и потребно е да се согласат сите земји, но истакна дека доколку не се постигне договор на европско ниво, Грција ќе ја соопшти нејзината позиција.

-За среќа стасани сме до фаза во која постои листа на земји што по писмена процедура се испраќа до државите членки за до утре да имаме финализирање на оваа листа на земји. Во секој случај, ако не постои договор на европско ниво, најдоцна до утре ќе ја знаете позицијата на Грција, бидејќи од 1 јули ги отвораме сите наши порти за светот, објасни Пецас.

Медиумите во Грција, во изминатите денови, повикувајќи се на извори од ЕУ, пишуваа дека за одреден број трети земји ќе се продолжи забраната за летови кон земјите од унијата, а меѓу државите за кои ќе важи забраната се споменуваше и Северна Македонија, односно дека нема да бидат дозволени летови од нашата земја кон јужниот сосед.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*