Грција втора во светот по „Сини знамиња“ за плажи, марини и туристички јахти


Грција втора во светот по „Сини знамиња“ за плажи, марини и туристички јахти - МИА

Атина, 22 мај () – Меѓународната награда „Сино знаме“ оваа година ја добија 497 грчки плажи, 14 марини и шест туристички јахти, со што Грција е втора во светот меѓу 47 држави, штита на природата, јави дописничката на од Атина.

Од 47-те земји што учествувале во програмата, Грција има 13 отсто од наградените плажи, а 94 од „Сините знамиња“ се на Халкидики.

Пред Грција е Шпанија, а трета Турција.

Во програмата „Сини знамиња“ право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат 33 строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата, безбедноста на посетиелите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн.

Министерот за туризам на Грција Харис Теохарис вели дека „Сините знамиња“ оваа година имаат посебно значење за туризмот.

-Оваа година „Сините знамиња“ дополнително ја симболизираат желбата и волјата да се вратиме во нормала. Сите што работиме за грчкиот туризам, би рекол сите Грци ги поздравуваме наградите од програмата „Сините знамиња“ како еден слоган дека битката да си го вратиме живото, веќе започна, вели Теохарис.


Дваесет нови случаи со Ковид -19, вкупно 1.694, оздравени 24 пациенти, тројца починати - МИА
Вести

Активни 470 случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје

Скопје, 29 мај 2020 () – Поминаа два дена откако целосно е укинат полицискиот час во земјава, по посебни протоколи отворени се кафулињата и рестораните и дел од вработените се вратија на нивните работни места. […]

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба - МИА
Вести

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност в сабота на пладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Сабота е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба […]

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]