Грција учествува во акцијата за пронаоѓање и спасување на паднатиот хеликоптер на НАТО


Грција учествува во акцијата за пронаоѓање и спасување на паднатиот хеликоптер на НАТО - МИА

 

Атина, 30 април 2020 () Хеликоптер S –70B AEGEAN HAWK на грчката воена морнарица со четиричлен екипаж и еден спасувач, од рано утрово учествува во акцијата за потрaга и спасување што се води западно од островот Кефалониjа, но во воздушниот простор на Италија, по падот на канадскиот хеликоптер, јави дописничката на од Атина.

Како што соопштија од Генералштабот на грчката армија, учеството на Грција е по барање на италијанските власти, а со наредба на началникот на Генералштабот и одобрување од министерот за одбрана на Грција.

Во попладневните часови, во акцијата ќе учествува и авион C-130 на военото воздухопловство на Грција.

Грчките медиуми, повикувајќи се на свои извори објавија дека е пронајдено телото на еден од шесттемина членови на екипажот од хеликоптерот што синоќа, од засега непознати причини, се урна во Јонското море меѓу Италија и Грција, но во италијанскиот воздушен простор.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]