Грчкиот Парламент ќе гласа за доверба на Владата на Мицотакис

grcija_parlament_353545
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за доверба на новата влада, на крајот од тридневната расправа, а на гласањето ќе му претходи обраќање на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Расправата започна во четвртокот попладне, продолжи вчера во текот на целиот ден, над 16 часа без пауза, а денеска е третиот и последен ден.


Исто како и вчера, така и денеска се очекува збор да земат пратеници од сите партии, како и министри од владата, меѓу кои и новиот шеф на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис.

Тридневната расправа ќе заврши со ново обраќање на Мицотакис закажано за вечерва, на кое ќе му претходат говори на лидерите на политичките партии што на изборите на 25 јуни обезбедија место во Парламентот.

Гласањето ќе биде јавно со прозивање на пратениците, а според досега изнесените јавни ставови на опозициските партии, грчката Влада ќе добие доверба само од пратениците на Нова демократија.

Грчкиот Парламент го сочинуваат 300 пратеници од осум партии, а Нова демократија со освоени 158 пратенички места го има неопходното парламентарно мнозинство од минимум 151 пратеник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK