Грчкиот митрополит Амвросиос, кој е осуден за говор на омраза, си поднесе оставка


Грчкиот митрополит Амвросиос, познат по тоа што остро  ги критукуваше оние за кои смета дека се однесувале на „нехристијански и негрчки“ начин, вклучувајќи ги хомосексуалците, мигрантите и политичарите, вчера си поднесе оставка.

Митрополитот Амвросиос (81), кој од 1978 година служеше во епархијата Калаврита, на југот на Грција, оставката ја објави во текот на неделната литургија.

Локален суд во јануари годинава го осуди на седум месеци условно заради говор на омраза бидејќи на блог во 2015 година пишувал за хомосексуалците, нарекувајќи ги  олош на општеството“ и луѓето ги повикал да плукаат  врз нив.

Американските медиуми пренесуваат дека тој ја поддржувал грчката екстремно десничарската партија „Златна зора“.

Во октомври 2017 година, на свештениците во неговата епархија им наложил секој ден, точно на пладне, во текот на цела недела, да удираат со камбаните три минути во знак на протест заради, како што навел, „антихристијанскиот и антигрчки “закон со кој на луѓето им се олеснува да го сменат полот.

А минатата година, за време на катастрофалниот пожар во близина на Атина, кажа дека е тоа божја казна за атеистот Алексис Ципрас, кој во тоа време беше грчки премиер.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]