Грчки владини извори демантираат дека шефот на турски МИТ бил во приватна посета на Грција

grcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Грчки владини извори ја демантираат информацијата објавена во грчкиот весник „Апогевматини“ дека новиот шеф на турската Национална разузнавачка агенција (МИТ), Ибрахим Калин, со туристички автобус, бил во приватната посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот пишува дека Калин во средата ја посетил областа Тракија во североисточниот дел на Грција.


– Грчките служби задолжени за гранична контрола, информации и меѓународни односи ја демантираат информацијата како невистинита. Не постоеше посета на г-дин Калин на Грција, ниту пак е планирана посета во блиска иднина, брифираат грчки владини извори.

Паралелно, коментираат дека Владата им стои на располагање на медиумите за навремена проверка на информациите и шпекулациите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK