Грчката Влада подготвена да воведе дополнителни мерки за Ковид-19 во поширокиот регион на Атина  


Грчката Влада подготвена да воведе дополнителни мерки за Ковид-19 во поширокиот регион на Атина    - МИА

Атина, 18 септември 2020 () – Владата е подготвена да спроведе дополнителни мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот во Атика, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешниот редовен состанок со надлежните министри и епидемиолози за Ковид-19, јави дописничката на од Атина.

Областа Атика, поширокиот регион на Атина, со околу пет милиони жители, поради зголемениот број нови случаи на коронавирусот беше во фокусот на денешниот состанок.

-На картата со позитивни случаи, Атика е со над пет отсто. Има постепен пораст во изминатите седмици, така што ова е еден од факторите што ја ставаат Атика во портокаловата зона, рече професорот епидемиолог Сотирис Циодрас кој е и шеф на надлежната Комисија за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција.

-Јасно е дека постои проблем во Атика, со кој треба да се справиме. Апсолутно сум подготвен, по денешната соодветна препорака од Комисијата, да донесеме некои дополнителни мерки што се однесуваат на јавните собири, на одложување на 14 дена на културните настани, мерки кои ја охрабруваат работата на далечина и во државниот и во приватниот сектор, за да ги ограничиме непотребните движења, порача Мицотакис на состанокот и додаде дека сепак за да има резултат, потребно е почитување и на евентуалните нови мерки, но и за оние кои веќе се воведени.

Паралелно, во неколку различни делови на Грција, поради потврдени позитивни случаи на Ковид-19, затворени се целосно или делумно основни и средни училишта.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, од почетокот на епидемијата, заклучно со вчера регистрирани се вкупно 14.400 позитивни случаи, а починаа 325 лица.


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*