Голема полициска акција во Суботица, откриени 200 мигранти, оружје и муниција

policija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во опсежна акција на северот од Србија, на територијата на Суботица, српската полиција откри 200 мигранти и заплени поголема количина муниција и оружје, јави Радио Слободна Европа.

Таканаречената западнобалканска мигрантска рута низ Турција, Бугарија, Северна Македонија и Србија е главната рута за мигрантите и бегалците во Европската Унија, при што многумина користат сложени шверцерски мрежи.


Началникот на полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Србија, полковник Ивица Ивковиќ изјави дека полициската акција била спроведена на 1 август околу 3 часот по полноќ.

„Најдовме осум автоматски пушки, една карабина, два пиштоли, неколку различни калибри муниција, 13 парчиња радио комуникација што ги користеле за криумчарење луѓе“, изјави тој за новинарите, без да прецизира кога и каде е пронајдено оружјето.

– Акцијата се уште трае и оваа бројка ќе биде значително поголема, изјави Ивковиќ.

Тој посочи дека припадниците на МВР се во интензивна акција на територијата на градот Суботица, на површина од повеќе од 6.800 хектари. Во акцијата се вклучени апсолутно сите единици на МВР, специјални антитерористички единици, Жандармерија, Управа за криминалистичка полиција, интервентни единици, повеќе од 800 припадници на полицијата, пренесува РСЕ.

Ивковиќ додаде дека припадниците на МВР преземале слични акции и во претходниот период и дека полицијата во Суботица заедно со други единици секојдневно преместувала од 70 до 100 мигранти во други прифатни центри во Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK