Ѓукановиќ: СПЦ сака да управува со Црна Гора


Ѓукановиќ: СПЦ сака да управува со Црна Гора - МИА

Подгорица, 18 мај 2020 () – Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, оцени дека Српската православна црква (СПЦ) би сакала да управува со Црна Гора и да ги одредува нејзините насоки и карактер.

„Дали Црна Гора е место во Европа или од другата страна“, рече Ѓукановиќ на прес-конференција по повод две години од мандатот, што се одржува пред резиденцијата во Цетиње, пренесува „Вијести“.

Одговарајќи на прашањето дали Законот за слобода на вероисповед е провокација за стабилноста, тој рече: Суштинска дилема е дали државата треба да ги замени законите од комунистичката ера со нови закони, усогласени со европските? Да. На Црна Гора му треба Закон за слобода на вероисповед и тој е донесен во вистинско време“. Тој нагласи дека сè што е одземено од Црна Гора, ќе и биде вратено.

– Дали Црна Гора треба се откаже од таквата своја потреба – секогаш кога дел од општеството се буни, одговорот е – Не!, рече Ѓукановиќ, додавајќи дека на Црна Гора и требал закон и затоа е донесен.

Според претседателот на Црна Гора, законот отворил многу прашања, од кои некои се појавија на површината, како што прашањето за имотот, каде државата се соочи со отпор од Српската православна црква. – Немојте да ни ги нудите тие изветвени и крвави формули за иднината на Балканот. Ние нема да ги прифатиме, потенцира Мило Ѓукановиќ.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]