Ѓукановиќ: Односите со Белград не се добри


Ѓукановиќ: Односите со Белград не се добри - МИА

Подгорица, 12 јули 2020 () – Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ оцени дека односите меѓу Црна Гора и Србија „не се добри“ и изрази надеж дека Белград „има здрав разум и подготвеност“ да работи на подобрување на тие односи што е од заеднички интерес.

Во интервју за денешното издание на црногорскиот весник „Побједа“, Ѓукановиќ рече дека Црна Гора „со ништо не придонесува“ за ваквите односи со официјален Белград, кој „од времето на Милошевиќ не се мешал повеќе во внатрешните работи на Црна Гора отколку денес“.

– Црна Гора со ништо не придонесува за тоа. Освен што инсистира на одбрана на своите национални и државни интереси. Уште од времето на Милошевиќ, официјален Белград не бил повеќе вмешан во внатрешните работи на Црна Гора отколку што е денес… Клучни српски министри речиси секој ден, а честопати и со непримерен јазик, ги коментираат процесите во нашата земја, со намера директно да влијаат врз нив, да докажат најверојатно колку е силна Србија. Тоа всушност сведочи за нешто друго .Сакам да верувам дека и во Белград има здрав разум, и посветеност да работиме на подобрување на односите што е од взаемен интерес, рече тој.

Говорејќи за литиите што ги организираа епархиите на Српската православна црква (СПЦ), против Законот за слобода на вероисповед, Ѓукановиќ оцени дека целта им е да ја сменат власта во Црна Гора, а не законот.

– Можеби е најточно да се каже дека на почетокот литите биле форма на притисок врз власта поради Законот за слобода на вероисповед. Но, сè што му претходеше, а во што се претворија подоцна, сведочи дека тоа е форма на политичка борба со намера да се смени власта во Црна Гора, а не законот, рече тој.

 


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*