Ѓукановиќ единствен кандидат за претседател на ДПС


– Во пресрет на утрешниот деветти Конгрес, претседателството на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора едногласно го предложи Мило Ѓукановиќ за кандидат за претседател на партијата, соопшти партијата.



Како што се наведува, кандидати за потпретседатели се Иван Вуковиќ, Никола Ракочевиќ, Јевто Ераковиќ, Андрија Николиќ, Сања Дамјановиќ, Абаз Диздаревиќ, Гордана Рајовиќ и Мирсад Мулиќ.

– Од вкупно осуммина предложени, ќе бидат избрани четворица потпретседатели, беше објавено по седницата на Претседателството на ДПС, што се одржа синоќа.