Германски медиуми: Најмногу заразени на германскиот автопат А3 преку кој доаѓаат од Западен Балкан



Германски медиуми: Најмногу заразени на германскиот автопат А3 преку кој доаѓаат од Западен Балкан - МИА

Берлин, 13 август 2020 () –  На станиците за тестирање на германските автопати, најголем процент од заразените со Ковид-19 е пронајден на просторот за одмор на автопатот А3, кој главно носи патници од Западен Балкан во Германија.

Според  германски медиуми, позитивни се околу 2,4 проценти од тестовите во Центарот за тестирање на автопатот  А3 Донаутал-Ост. Од отворањето на Центарот за тестирање, 16.556 патници дозволија да им се земат брисеви. Од нив, 410 се позитивни.

На проторот за одмор во Хохфелн, на автопатот А8, процентот на заразени лица е помал (1,2 процент), а уште помалку има на Интал-Ост, на автопатот А93 (0,4 проценти).

На автопатот А8 биле тестирани 11.509 лица, а 137 биле заразени, додека на А93, од 7.285 тестови за присуство на коронавирус, 32 од нив биле позитивни.

Весникот „Зидојче Цајтунг“ ја цитираше изјавата на министерката за здравство на Баварија, Мелани Хумл, според која големата разлика во процентот на заразени лица се објаснува со фактот дека тест станицата на автопатот А3 „широко ја користат патниците од Западен Балкан“.

Новинарот на тој весник потсетува дека за голем број на земји од тој регион – како Србија и Босна и Херцеговина – предупредувањата на германското Министерство за надворешни работи до граѓаните да не патуваат во тие земји заради зголемениот ризик од инфекција се уште се во сила.

Во последниве денови, бројот на новозаразени повторно се зголеми во Германија.

Во извештајот на весникот се најавуваат засилени контроли за задолжителното носење заштитна маска и физичко растојание од 1,5 метри во Баварија, како и зголемено присуство на полицијата на шеталиштата, места за капење и јавни паркови.


Мајките сакаат да ги чуваат децата дома, а Владата вели дека услови има во градинките - МИА
Вести

Втор протест на родителите на породилно отсуство

Скопје, 21 септември 2020 () – Мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство, денеска попладне повторно излегода на протест пред Владата, против одлуката да се вратат на работа на 23 […]

Унгарија ги олабави мерките за влез на државјаните од три земји - МИА
Вести

Регистрирани 45 нови, оздрваени 86 и седум починати од КОВИД-19

Скопје, 21 септември 2020 () – Во последните 24 часа направени се 552 тестирања и регистрирани се 45 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 86 пациенти, а седум лица се починати, информира Министерството за здравство. Од […]

Седница на Собранието, на дневен ред измените на законите за основно и за средно образование - МИА
Вести

Четворицата пратеници на БЕСА од денеска независни, но остануваат во коалицијата „Можеме“

Скопје, 21 септември 2020 () – Пратениците од БЕСА кои во Собранието влегоа преку листите на СДСМ денеска преку допис го известиле собранискиот претседател Талат Џафери дека дека ќе дејствуваат во рамки на коалицијата „Можеме“ со […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*