Фого: НАТО нема намера да ги намали силите на КФОР во Косово


Во командата на КФОР во Приштина денеска се одржа церемонија на која поранешниот командант Лоренцо Д`Адарио ја предаде должноста на неговиот наследник Микеле Риси.

 

На церемонијата присуствуваше и адмиралот на здружените сили на НАТО во Неапол, американскиот генерал Џејмс Фого, кој ги повика победничките партии што поскоро да формираат нова влада, која, како што рече, ќе го поведе Косово кон стабилизација и просперитет.

 

– Сега имате можност да формирате нова влада. Изборите поминаа и слушнавме многу добри работи. Им порачувам на граѓаните на Косово и на новоизбраните лидери да ја водат земјата кон стабилност и просперитет, рече Фого.

 

Тој исто така рече дека НАТО нема намера да ги намали силите на КФОР во Косово, со што му одговори на косовскиот претседател Хашим Тачи, кој претходно рече дека благодарение на формирањето на косовската армија, силите на КФОР може да бидат намалени.

 

Командантот на КФОР во заминување, генерал мајор Д’Адарио, рече дека КФОР е кредибилна, непристрасна и способна безбедносна сила не само на Косово, додека неговиот наследник, генерал мајор Микеле Риси, рече дека сојузничките сили на НАТО придонесуваат за безбедноста на целото население на територијата на Косово и за одржување на стабилноста во регионот и Европа.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]