Евростат: Албанија шеста во светот според издадени дозволи за престој на нејзини граѓани во ЕУ, прва во однос на населението


 Албанија е рангирана на шестото место во светот според бројот на дозволи за престој што нејзините граѓани ги добиле во земјите на Европската унија и прва во однос на бројот на популацијата,наведува весникот Монитор.



Според истиот извор,кој се повикува на податоците објавени од Статистичката агенција на ЕУ (Евростат) до крајот на 2019 година издадени се околу 868.000 дозволи за престој на граѓани од Албанија.

-Иако е рангирана на шесто место во светот според бројот на издадени дозволи на нејзините граѓани, малата Албанија, со само 2,85 милиони жители се наоѓа на прво место во светот во однос на нејзината популација. Според податоците на Евростат, земјите од Европската унија издале 304.000 дозволи на милион жители, што е четирипати повисока бројка од втората земја по неа односно Србија со 504.000 дозволи, наведува во својата анализа весникот Монитор.

Според податоците на Евростат, 48 отсто од дозволите за престој се издадени во Италија или 417.000, на второ место е Грција, со 43 отсто или 371.000, Германија е на третото место, со 43.000 дозволи за престој, или пет отсто и на четвртото место е Франција, со 11.000 дозволи или 1,3 отсто од вкупниот број.

Белгија и Шведска по над пет илјади дозволи, Австрија, Швајцарија и Хрватска по над две илјади, додека најмал број дозволи издале Естонија, 44, Латвија 15 и Линхејнштај шест дозволи. Од земјите во регионот каде албански граѓани побарале дозвола за престој е Бугарија која издала 458 дозволи.