ЕУ го поздрави високиот одѕив на гласачите на изборите во Турција

eu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателите на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска ја поздравија „многу силната излезност“ на неделните парламентарни и претседателски избори во Турција и ја оценија како „победа“ на демократијата.

Се уште се чекаат конечните резултати од претседателските и парламентарните избори, а излезноста на гласачите беше речиси 90 отсто.


„Многу силниот одѕив на гласачите на овие избори е навистина добра вест… Тоа е јасен знак дека турскиот народ е посветен на остварување на своите демократски права“, рече Фон дер Лајен на прес-конференција со Шарл Мишел, кој исто така им честиташе на граѓаните на Турција.

Во Турција првпат најверојатно ќе има втор круг од претседателските избори на 28 мај, на кој ќе бидат актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот главен противкандидат Кемал Киличдароглу.

„Сепак, изборите не се завршени. Треба да почекаме да ги видиме резултатите од вториот круг, а ние тоа многу внимателно го следиме“, рече претседателката на Европската комисија, додавајќи дека Турција е „важен партнер“ на ЕУ.

Турција, членка на НАТО, официјално е кандидат за ЕУ, но преговорите за пристап формално започнати во 2005 година се во застој веќе неколку години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK