Eрдоган ја зголеми поддршката за либиската Влада


Eрдоган ја зголеми поддршката за либиската Влада - МИА

Анкара, 4 јуни 2020 () – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска објави дека ќе ја зголеми поддршката за претседателот на меѓународно призната либиска Влада, Фајаз ал-Сараџ и оцени дека конфликтот во таа земја може да се реши само политички, под покровителство на Обединетите нации.

На заедничката прес-конференција со Сараџ во Анкара, Ердоган рече дека Турција и Либија ќе продолжат со истражувањето и експлоатацијата на нафтата во источниот дел на Средоземното Море, пренесе Анадолија.

Тој оцени дека командантот на силите распоредени на истокот на земјата, Калифа Хафтар, претставува најголема пречка за мирот.

Силите на Хафтар, поддржани од Обединетите Арапски Емирати, Русија и Египет, од април 2019 година се обидуваат за го заземат Триполи, но претрпеа неколку порази во последните месеци.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]