Ердоган: Договорот за извоз на житото преку Црно Море продолжен за уште 60 дена

erdogan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека договорот за жито ќе биде продолжен за 60 дена.

Тој им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на генералниот секретар на Обединетите нации за постигнатиот договор.


-Продолжувањето на договорот дојде благодарение на конструктивноста на руската и украинската страна, рече Ердоган.

Договорот за извоз на жито се однесува на извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа, вклучувајќи ја и Одеса.

Во јули минатата година договорот го потпишаа претставници на Русија, Украина, Турција и ОН.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK