Електрични автомобили во грчкиот Парламент


– Првиот електричен автомобил пристигна во грчкиот Парламент и го прими и презентираше претседателот Констанинос Тасулас, кој рече дека „Парламентот влегува во нова ера”, истакнувајќи дека веќе 26 пратеници нивните службени возила ги заменуваат со електрични автомобили, јави дописничката на МИА од Атина.

– Првпат, службите во Парламентот и пратениците дoбиваме службени електрични автомобили со нула еколошки последици, нула влијание врз животнаа средина, рече претседателот на грчкиот Парламент и истакна дека елеkтричните возила се удобни.

Конкретниот електричен автомобил што го презентираше Тасулас, како што соопштуваат од грчкиот Парламент, е со 136 коњски сили, воопшто не ја загадува околината, не прави бучава, со едно полнење може да помине до 250 километри, а трошокот е околу 2,5 евра на 100 километри.


Балкан

Хрватскиот јавен обвинител кој тврдеше дека е масон поднесе оставка

Главниот хрватски јавен обвинител Дражен Јелиниќ испрати барање од хрватската Влада да биде разрешен од функцијата, бидејќи бил дел од масонска ложа. Како што јави дописникот на МИА, барањето за смена обвинителот го даде по […]

Вести

Чулев ја потврди полициската акција во Крушопек

– Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар […]

Вести

Кандидатите за пратеници ќе можат да собираат потписи и на нотар, дополнително запишување во ИС на лица со 18 години

– Освен прекројувањето на шестата и петата изборна единица, измените на Изборниот законик предвидуваат и други новини кои треба да се применуваат на претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. -Некои од измените на Изборниот […]