Еден загинат и осум повредени откако се урна дел од надвозник во близина на грчкиот град Патра

most_urnat_34535434
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Едно лице го загуби животот, а осум се повредени откако се урна мост, затворен за употреба и сообраќај во близина на грчкиот град Патра, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис информираше дека несреќата се случила кусо пред 13 часот по локално време, а во спасувачката акција учествуваат 35 пожарникари со 12 возила, специјални спасувачки екипи со две кучиња и дронови, а на местото се и пет возила на брзата помош.


Соопшти дека едно лице загина, а во двете болници што се во околината се пренесени вкупно осум лица.

Паралелно Ватракојанис истакна дека од четвртокот на 20 јули конкретниот надвозник е целосно затворен и е забранет сообраќајот со цел да се за да се урне и одново да се изгради.

Засега непознати се причините за уривањето на дел од надвозникот, ниту е познато зошто луѓето биле под мостот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK