Џачка: На Самитот на НАТО ја потврдивме посветеноста за поддршка на Украина

dzacka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, денеска сподели порака на социјалните мрежи по дводневниот самит на НАТО што се одржа во Вилнус, Литванија, во која наведува дека во фокусот на разговорите, повторното била потврдена на политичката поддршка за Украина „земја под окупација на Русија“.

Во објава на Фејсбук, Џачка додава дека е одлучено да се формира Советот на НАТО-Украина, ново заедничко тело каде што сојузниците и Украина ќе седат како рамноправни членки за да го унапредат политичкиот дијалог, ангажманот, соработката и аспирациите на Украина за членство во НАТО.


-Ја потврдивме нашата посветеност за дополнително зголемување на политичката и практичната поддршка за Украина додека таа продолжува да ја брани својата независност, суверенитет и територијален интегритет. Решивме да го формираме Советот НАТО-Украина, ново заедничко тело каде сојузниците и Украина ќе седат како рамноправни членки за да го унапредат политичкиот дијалог, ангажманот, соработката и аспирациите на Украина за членство во НАТО, напиша Џачка на Фејсбук.

Исто така, посочува таа, со министрите за надворешни работи на НАТО ја истакнале одлучувачката улога на соработката меѓу Европската Унија и НАТО за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан, особено за Косово и Босна и Херцеговина.

-Ја истакнав и цврстата поддршка на Албанија за нашите партнери како Босна Херцеговина, Грузија и Молдавија погодени од актуелната безбедносна ситуација, напиша Џачка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK