Два земјотреси го погодија Загреб, граѓаните вознемирени: „Креветот лошо се тресеше“

г-1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два послаби земјотреси се регистрирани синоќа во Загреб. Посилниот од двата земјотреси се случи во 01 часот и 58 минути и вознемири дел од граѓаните. Беше со јачина од 2,8 степени.


„Вечерва, 7 март 2024 година, сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа два слаби земјотреси кај Маркушевац. Првиот се случил во 1 часот и 55 минути со јачина од 1,9, а вториот три минути подоцна, во 1 часот и 58 минути, со јачина од 2,8 степени според Рихтер“, соопшти сеизмолошката служба на Хрватска, пренесува Индекс.хр.

ЕМСЦ извести дека епицентарот на потресот во 01:58 часот бил на длабочина од шест километри.

Иако е класифициран како слаб според јачината, луѓето известуваат дека земјотресот ги разбудил и дека се слушнал прилично силен звук. Некои велат дека се чувствувало посилно отколку што сугерира магнитудата.

„Краток, но силен потрес, нè разбуди“, „Добро се затресе“, „Претпоставувам дека првиот ме разбуди“, „Не беше слабо. Посебно второто. Скокнав од кревет, креветот лошо се затресе“, се дел од коментарите на загрепчани.

„Мал, но подмолен земјотрес“, напиша пратеничката Далија Орешковиќ на мрежата „Икс“.

Луѓето јавуваат дека земјотресот многу се почувствувал и во Загорје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK