Додик: Усвоениот документ не прејудицира членство на БиХ во НАТО


Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека никаков документ што прејудицира членство во НАТО не е усвоен на денешната седница на Претседателството на БиХ, туку само Програма за реформи во БиХ.

-Во тој документ отворено се вели дека документот е сет од реформи и дека тие не прејудицираат членство и за секој вид движење во правец на членство во НАТО потребна е нова одлука на Претседателството на БиХ и Парламентарното собрание и дека одлуката ќе се носи во согласност со ставовите на сите органи на власта, рече Додик за бањалучката „Алтернативна телевизја“.

 

Кажувајќи дека ги разбира „овие од СДС и ПДП “ и дека „гледа дека се бесни“, тој рече дека треба „да престанат да се лутат“.

 

-Го разбирам и тоа затоа што тие неоправдано долго седеа на места во органите на власта на БиХ и со ова им се уриваат привилегиите и да се направат многу работи што не се во согласност со ставовите на Народото собрание на Република Српска, рече Ддоик.

 

По денешната седница на Претседателството на БиХ во Сараево тој замина за Белград, каде се сретна со српскиот претседател Алексанадар Вучиќ.

 

Претседателството на БиХ на денешната вонредна седница донесе одлука за именување на Зоран Тегелтија (СНСД) за претседавач со Советот на министри на БиХ и донесе одлука во седиштето на НАТО во Брисел да се достави документот Програма за рефирми на БиХ.

Вести

Се актуелизираат помилувањата на Иванов од 2016

Уривање на правната држава, на принципот на владеење на правото и директен удар на демократијата. Вака државните претставници и правните експерти ги оценуваат можните последици што може да ги предизвика евентуалната одлука на Уставниот суд […]

Вести

„Сакаме да дишеме“, марш за чист воздух во Скопје

Со транспаренти „Животот пластичен не е фантастичен”, „Правдата пред профитот”, „Сакаме да дишеме“, граѓаните на марш пред Владата им порачаа на надлежните дека треба да се грижат за чистиот воздух и здравјето, многу повеќе отколку […]

Вести

Ангел Димитров: Нема договор за Гоце Делчев

Тензиите кои постојат во нашата работа изминативе месеци не стивнуваат, вели Ангел Димитров, копретседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања формирана согласно Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија […]