Додик: Иднината на Европската унија лежи во она што го промовира Виктор Орбан

Додик-Иднината-на-Европската-унија-лежи-во-она-што-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Република Српска изјави дека мисли оти иднината на Европската унија е во она што го промовира Виктор Орбан, во она што според него треба да биде Европската унија или во спротивно нема да постои.


Во интервју за „Ра“, Додик по средбата со рускиот претседател Владимир Путин рече дека победата на Русија на сите полиња ќе биде и победа на Република Српска. „Многу сум горд на фактот што разговарав со претседателот, му ги посакав сите победи што може да ги постигне и реков дека сите победи на Путин и победите на Русија се и наши победи. Ние веруваме дека Русија е на вистинската страна на слободата на нации, луѓе и држави. Во оваа смисла, Путин исполнува важна мисија на ова време, рече Додик.

Тој посочи дека Русија била принудена да го брани својот народ и затоа ја започнала Специјалната воена операција. Тој додаде дека Европа, под влијание на САД, била измамена со тоа што застанала на страната на украинскиот режим.

Европските земји, како што наведе, станале свесни колку енергетски зависни се од Русија, што се гледа по намалениот обем на производство и рецесијата што ја потресе ЕУ.

„Западот е во колективна хистерија и бара сите во регионот да им се придружат на нивните санкции. Република Српска, како и Србија, не го сторија тоа и остануваме изложени на речиси секојдневни притисоци“, посочи Додик.

Тој спомена колку е горда Република Српска на соработката со Србија и Унгарија.

„Србија е гарант на Дејтонскиот договор, таа го потпиша Генералниот рамковен договор и Србија е одговорна за Република Српска“, рече Додик и посочи дека Западот се обидел да ја оддели Србија од Српска, но дека тоа е практично невозможно.

Земајќи го за пример обединувањето на двете Германии, Додик рече дека верува оти еден ден српскиот народ од двете страни на Дрина ќе биде обединет и дека тоа е сосема логичен редослед на настаните, иако Западот се обидува да им го ускрати тоа право на помалите народи.

Значајна е и соработката со Унгарија и премиерот Виктор Орбан, а Додик го гледа како суверен лидер.

„Орбан е еден од најсилните современи лидери во Европа, тој има политика за разлика од другите западњаци кои следат туѓа политика“, посочи Додик, нагласувајќи дека ниту Емануел Макрон ниту Олаф Шолц немаат своја, туку следат „туѓа“ политика.

„Неговата политика е да ја зачува државата, да го зачува народот, да го зачува суверенитетот и да ја зачува слободата. Во тој поглед, тој ги почитува таквите вредности за другите.

Република Српска и нејзиното раководство, како што истакна Додик, ги почитуваат истите вредности и се борат за нив како и Виктор Орбан, поради што се разбирале и подоцна станале соработници и пријатели.

„Мислам дека иднината на ЕУ лежи во она што го промовира Виктор Орбан, во она што тој мисли дека Европската унија треба да биде или нема да постои. Таа сигурно нема да биде под покровителство на само една земја наречена Германија“, посочи Додик, пренесуват медиумите во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK