Мерката за справување со инфлацијата и зголемените цени на основните продукти, т.н. „Кошница на домаќинствата“, иницијатива воведена од грчката Влада пред девет месеци, продолжена е до крајот на годинава, информираа од Министерството за развој на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Додаваат дека освен конкретната иницијатива, се продолжува и мерката за максимална профитна маржа за бизниси кои тргуваат со основни производи за широка потрошувачка и горива со цел да справување со појави на профитерство на сметка на потрошувачите.
„Кошницата на домаќинствата“ на 3 октомври беше воведена во супермаркетите во Грција и предвидува цените на над 50 основни производи од различни категории да останат исти и прифатливи или да има минимално зголемување.