Дендиас од Израел: Турските прекршувања се опасност за безбедноста и стабилноста


Дендиас од Израел: Турските прекршувања се опасност за безбедноста и стабилноста - МИА

Атина, 13 август 2020 () – Јасно им ставив на знаење на моите израелски соговорници дека турските прекршувања претставуваат опасност за сите земји од нашиот регион, опасност за безбедноста и стабилноста, порача од Израел шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, по средбите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи на Израел Габи Ашкенази, јави дописничката на од Атина.


 

Дендиас рече дека ѝ се заблагодарил на израелската страна за „јасниот став и позиција за турските прекршувања во Источниот Медитеран“, а со домаќините имал можност да поразгоара и за прашањата поврзани со енергетиката, за Источен Медитеран, но и за економската соработка меѓу двете земји.

– Односите на Грција со Изрел се продлабочуваат, се развиваат, истакна Дендиас.