Дендиас: Дијалог и отворен канал на комуникација со Турција


Грција на билатерално ниво со Турција секогаш одржува отворени канали за комуникација, вели министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во интервјуто за грчкиот весник „Прото тема“ во однос на грчко – турските односи.

Тој додава дека во петокот во Анкара започнаа политичките консултации помеѓу генералните секретари на двете министерства и изразува надеж дека ќе поминат добро.

Шефот на грчката дипломатија истакнува дека во зависност од исходот на овие разговори и доколку постои рамка на разбирање, односно „дека сите треба да се движат на ниво на меѓународно право“, ќе зависат и следните чекори на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Сакаме да имаме добар и просперитетен сосед. Турција која ги почитува човековите права, насочена кон европскиот начин на живот, насочена кон културата на западниот свет, модерна Турција. Ова е она што го сакаме. Што се однесува на пошироките теми, Грција разговара и со сите земји во регионот кои имаат слична перцепција, вели Дендиас.

На прашањето дали САД и Франција ќе бидат на страната на Грција доколку Турција предизвика инцидент, Дендиас вели дека „доколку е потребно, а се надевам дека нема да биде потребно, можеме и сами“ и додава дека сепак Атина не е сама.

Министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за грчкиот весник коментира дека не е во интерес на Турција да создаде целосна нестабилност во регионот, за евентуалната можност Анкара да испрати турски истражувачки или воени бродови во Егејското Море.


Вести

Лицата со навршени 65 години, кои немаат 15 години стаж, ќе можат да го откупат стажот за да одат во пензија

– Лицата кои навршиле 65 години, а немаат 15 години стаж поради тоа што не им биле платени дел од придонесите, ќе може да ги откупат години стаж што им фалат за да може да […]

Вести

Опозицијата бара во дебатата за законот за ЈО да се вклучат експерти и меѓународната едница

– ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на пладневниот состанок во Собранието за законот за јавно обвинителство. Од партијата велат дека ќе инсистираат на јавна расправа во која ќе биде вклучена експертската јавност и претставници на меѓународната заедница. […]

Вести

„Социетас Цивилис“: Повеќе сме чамец што го носи струја отколку што имаме весла и кормило во борбата против корупцијата

– Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) донела голем број одлуки, меѓутоа истовремено и очекувано голем дел од нив се запрени односно не се најдени елементи на корупција, е заклучокот во првиот извештај за наодите […]