Демократскиот сојуз на Косово очекува пред понеделник да се формира новата влада


Демократскиот сојуз на Косово очекува пред понеделник да се формира новата влада - МИА

Приштина, 29 мај 2020 () – Шефот на пратеничката група на Демократскит сојуз на Косово (ЛДК) Арбен Гаши изјави дека одлуката на Уставниот суд со која се прогласи за уставен указот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување на мандатот за премиер на кандидатот на ЛДК Авдулах Хоти, е исправна и очекувана, јави дописникот на од Приштина.

Во синоќешната изјава за телевизијата Клан Косова, Гаши рече дека мошне бргу ќе биде побарано закажување седница на Собранието за гласање за владата што ќе ја предложи Хоти и изрази уверување дека таа процедура ќе биде завршена пред наредниот понеделник.

– Одлуката е донесена доцна ноќеска и ние се уште не сме се консултирале во партијата, но верувам дека утре наутро ќе го наравиме тоа. Процедурата е многу едноставна, треба само едно писмо да се испрати до претседателката на Собранието (Вјоса Османи) од моја страна како шеф на пратеничката група, каде што ќе го одредиме денот и часот кога ќе се одржи седницата. Другите работи се веќе завршени, изјави синоќа Гаши.


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]