Демократска алијанса иако е против Договорот од Преспа, ќе гласа за отворање на новите гранични премини меѓу Северна Македонија и Грција


Со ладно и тешко срце, со вистинска загриженост, но со единствен критериум развој на добрососедските односи меѓу двете земји и економски развој на северна Грција, ќе гласаме за двата договори, рече пратеникот од Демократска алијанса, Јоргос Карас на денешната пленарна седница за ратификација на договорите за отворање новите гранични премини кај Мајден и Маркова нога, откривајќи го ставот на неговата партија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Со тешко срце даваме позитивен глас за овие два договори, без тоа да значи дека ќе прифатиме да се легализира Договорот од Преспа од страна на Демократска алијанса. Не се озаконува и апсолутно се задржуваат сите наши позиции кои беа изнесени и на расправата и пред грчкиот народ. Во овој момент со единствен критериум, развој на добрососедски односи меѓу двете земји и економски развој на регионите во Македонија кои што се граничат со соседната земја, рече Карас и истакна дека тие како партија и понатаму сметаат дека договорот од Преспа е лош и неприфатен од Грците.

За време на вчерашната расправа на Комисијата за национална одбрана и надворешна политика, пратеникот од Демократска алијанса рече дека денес на пленарната седница ќе го откријат нивниот став дали ќе ги поддржат или не двата нацрт закони што произлегуваат од потпишаните договори во март и април во Скопје.

Вести

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата

Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР […]

Вести

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за […]