Демографија: За 10 години во Хрватска „исчезнал“ град со големина на Сплит


– Градот Загреб и Истарската жупанија се единствените области во Хрватска во кои бројот на жители е зголемен во изминатата деценија, додека сите други жупании изгубиле повеќе од 200.000 жители, објави загрепски Вечерњи лист.



Тоа е, како што се наведува, за десет години како да е изгубен град со големина на Сплит или целата Истарска жупанија.

Истра има благ пораст од 1.000 жители, додека Градот Загреб го зголеми своето население за околу 17.000 и сега има 807.000 жители, покажуваат податоците на Централното биро за статистика (ЦБС).

ЦБС проценува дека Загреб ја надминал бројката од 800.000 жители во 2016 година и од тогаш бавно расте благодарение на фактот дека тој е најсилниот економски центар во државата.

Сисачко-мославачката жупанија изгубила 27.000 жители, Осиечко-барањската – 33.000, Приморско-горанската – 12.000, и близу до нула – со дефицит од околу 900 луѓе, е единствено туристички просперитетната Дубровничко-неретванската жупанија.