Демарш од Иран до Грција за ставот на Мицотакис за убиството на Сулејмани


Ставот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изнесен минатата седмица во САД, говорејќи на Atlantic Council, како што објавија грчките медиуми, дека Грција ја поддржува американската одлука за убиството на Касим Сулејмани, била причината Иран со демарш да реагира до Грција.

Постоењето реакција и демарш од Техеран до Атина денеска го потврди шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по средбата со неговиот кипарски колега, Никос Христодулидис, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција, рече дека до грчката амбасада во Иран бил доставен демарш, а шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф побарал телефонски да разговара со него.

Дендиас објасни дека било побарано телефонскиот разговор да се одржи попладнево, но во тоа време тој ќе присуствува на средбата на Мицотакис со кипарскиот МНР, па веројатно утре наутро ќе се слушне со шефот на иранската дипломатија.

Весникот „Катимерини” во петокот го пренесе писмото од амбасадата на Иран во Атина со реакција за објавен текст во весникот во кој бил изразен ставот дека Грција ќе учествува во евентуална американска интервенција во Иран.

Од иранската Амбасада изразуваат надеж дека тоа не е став на официјална Атина имајќи предвид дека двете земји имаат традиционални пријателски и историски односи, но и предупредуваат дека Исламската Република ќе одговори решително на секаков напад.

– Јасно е дека Техеран херојски ќе застане пред било кое прекршување или обид за наметнување војна и решително ќе им одговори на напаѓачите. Иран јасно има изјавено дека во случај да се наметне војна против земјата од Америка, ставањето на располагање на бази за американскиот напаѓач од која било земја ќе се смета за непријателски чин, а Иран го задржува правото да одговори на јасен и решителен начин, пишува во писмото од иранската Амбасада испратено до „Катимерини”.


Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]

Бизнис

Туристичките работници не отстапуваат од ултиматумот за превозот и платите

Скопје, 10 август 2020 () – Ослободување на превозот од досегашниот протокол од 50 на 100 проценти капацитет и субвеционирање на плати е ултиматумот кој го поставија туристичките агенции до 15 август. Туристичките работници бараат […]

Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Уште пет дена за договор за нова влада, бизнисот чека нови мерки

Скопје, 10 август 2020 () – Продолжуваат разговорите меѓу политичките партии за формирање ново парламентарно мнозинство и понатаму без официјална потврда за евентуален договор. Тоа треба да биде направено најдоцна до петок кога истекува десетдневниот […]