Дебата: Дополнителни препораки, стратегии и обуки за зајакнување на безбедноста во училиштата

дебата
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дополнителни препораки во делот на создавање побезбедни училишта, како и стратегија за создавање посебни прирачници за учениците, родителите и наставниот кадар се дел од активностите кои се најавуваат со цел намалување на меѓуврсничко насилство во училиштата. Исто така, при креирањето на политики и стратегии, важно е да бидат вклучени оние кои се директно засегнати – учениците. Ова беше посочено за време на денешната дебата на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, со ученици од средните училишта „Насилство кај децата“.

Министерот за образование Јетон Шаќири пред почетокот на дебатата изјави дека по случувањата во Белград веднаш реализирале состаноци со педагошките служби на училиштата и со класните раководители на учениците.


-Во оваа ситуација сите треба да работиме заедно, да бидеме соработници, сите сме на истата страна. И професорите од училиштата даваат голем значаен придонес во ова. Немаме спротивставена страна. Од септември, заедно со МВР, кога ќе направат анализа, ќе имаме и нови препораки во врска со тоа како да создадеме побезбедни училишта. Но и согласно сегашните протоколи, после случувањата со најави за бомби, од страна на МВР се реализираа неколку контроли во училиштата пред и после наставата. Мислам дека според проценката на МВР, ваквите активности ќе се зајакнат, додаде министерот.

Дебата: Дополнителни препораки, стратегии и обуки за зајакнување на безбедноста во училиштатаФОТО/ МИА
Се очекува МВР да изработат дополнителни препораки во делот на зајакнување на безбедноста во училиштата.

Како што рече, една од препораките е сите родители да се запознаат со Кривичниот законик, а во следниот период, после реализирање на препораките ќе почнат и обуките за запознавање на родителите.

Проф. д-р Татјана С. Иванова од Филозофскиот факултет е на ставот дека сите заедно треба да работиме на превенирање на меѓуврсничко насилство – целата научна елита, заедно со практичарите во училиштата.

-Треба да ги слушнеме учениците со што тие се соочуваат. Нивниот глас е најважен. Ние зборуваме за сајбер насилство, за тик ток и други социјални медиуми. Ако сакаме да зборуваме за целосна стратегија, мора да се вклучат сите оние кои се задолжени – институциите на системот, министерствата за труд и социјална политика, за внатрешни работи, за образование. Бидејќи вината не е само во образованието, одговорност треба да имаат и семејствата. Сите заедно да работиме на превенирање, изјави Иванова пред дебатата.

Таа најави дека ќе се работи на создавање на стратегијата на посебни прирачници. Станува збор за прирачник за ученици, за наставници, за стручни соработници и за родители.

Дебата: Дополнителни препораки, стратегии и обуки за зајакнување на безбедноста во училиштатаФОТО/ МИА
-За ова постојат одлични европски практики, треба само да ги прилагодиме на нашата средина. Но, за да ги прилагодиме, треба да ги слушнеме учениците и стручните соработници кои работат со нив – психолози, педагози, социолози, социјални соработници, специјални едукатори, наставници и таќа ќе можеме да ги работиме прирачниците. И сега се постапува во интервентни случаи. И сега одиме на терен и ние да видиме со што се соочуваат самите училишта за да може да направиме сеопфатна стратегија која долгорочно ќе даде добри резултати, додаде С. Иванова.

Според д-р Софија Георгиевска од Филозофскиот факултет, она што најмногу недостига во системот на мултисекторство и мултидисциплонарност, е младите да бидат прашани за мислење.

-При креирањето на политики и стратегии, ако не бидат вклучени оние кои се директно засегнати, тогаш нема да се почитуваат. Ако сакаме да имаме добри правила, треба да ги прашаме и оние кои треба да ги почитуваат. Во таа насока, испративме допис до сите средни училишта во државата и драго ми е што повеќе од 150 ученици се пријавија да бидат присутни тука во 35 тимови, кои ќе дискутираат на четири теми, односно која е улогата на насилството и како насилството влијае врз нарушувањето на менталното здравје, како училиштето може да влијае врз превенцијата, како да работиме заеднички да го намалиме меѓуврсничкото насилтво и кои се релевантни чинители во општеството можат да придонесат до намалување на врсничкото насилство, рече Георгиевска за време на дебатата.

Дебата: Дополнителни препораки, стратегии и обуки за зајакнување на безбедноста во училиштатаФОТО/ МИА
Како што посочи, она што ќе произлезе како бенефит од дебатата е да им докажат на младите дека се нивни партнери и сојузници.

-Она што ќе произлезе како бенефит од оваа јавна дебата е да им кажеме на младите дека ние сме патнери, сојузници во целата оваа битка заедно и сакаме да ги слушнеме нив и нивните мислења, за од септември да почнеме со правилници, правила и прописи кои ќе бидат донесени од младите за младите, а не да се креираат документи кои ќе бидат документи само на хартија, вели Георгиевска.

Таа информираше дека споредбено со податоците од пред десет години до сега, бројот на меѓуврсничко насилство е зголемен, но пред десетина години не зборувавме за сајбер насилство. Денес, како што вели, најмногу зборуваме за сајбер насилство.

-Ако пред десетина години машките беа оние кои го вршеа физичкото насилство, сега и женските вршат физичко насилство. Онлајн насилството најмногу е во подем. Не би кажала дека не се работи на проблемот. Се работи, меѓутоа многу повеќе сега почна да се зборува отколку порано, посочува Георгиевска.

Како што соопшти Шаќири, на мејл адресите на кои може да се пријавува насилство во училиштата, досега се стигнати повеќе од 20 пораки.

-Бројот на пријавите достигна повеќе од 20. Ова значи дека имаме повеќе од 20 различни мејлови. Имаше и добри искуства, препораки од различните страни кои ги имаат решено проблемите. Кога зборуваме за насилство, имаме и позитивни ситуации. Да ги искористиме и добрите и лошите искуства, рече Шаќири во одговор на прашање, посочувајќи и дека досега имало поплаки и во однос на училишта кои не реагирале во случај на булинг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK