Дачиќ: За мене е понижување странски амбасади да ургираат да бидам во идната влада



Дачиќ: За мене е понижување странски амбасади да ургираат да бидам во идната влада - МИА

Белград, 4 август 2020 () – Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, реагирајќи на денешната изјава на премиерката Ана Брнабиќ, порача дека социјалистите се сигурен коалициски партнер на Српската напредна партија (СНС) и дека би било понижување за него некој од странство ургира да биде во идната влада.

Како што јави дописникот на од Белград, Брнабиќ денеска за ТВ Пинк изјави дека некои во СПС се обидуваат преку странски амбасади да обезбедат место за себе во владата, но и во јавните претпријатија, а Дачиќ во изјава за „Блиц“ констатираше дека социјалистите и СНС имаат постигнато многу заедно и затоа е во интерес на Србија да продолжат заеднички да работат, но оти „одлуката зависи од Александар Вучиќ како победник на изборите“.

Коментирајќи ги наводите за „ургирањето“ на странските амбасади, тој посочи дека не знае за кого таа изјава се однесува, но дека тоа би било понижување за него лично некој од странство да се заложува  за него.

– Јас работам во интерес на Србија и никогаш не сум работел за странци. А, знаејќи го Вучиќ, тоа би било контрапродуктивно, заклучи Дачиќ.

Српската премиерка Брнабиќ изјави за ТВ Прва дека претседателот Вучиќ сериозно размислува да влезе во коалиција со лидерот на Српскиот патриотски сојуз (СПАС), Александар Шапиќ и наведе дека таа е еден од двајцата кандидати за премиер на новата влада. 


Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Бизнис и економија

Синдикатот на УПОЗ бара итно повлекување на одлуката за фиксно работно време

– Синдикатот на УПОЗ бара итно повлекување на одлуката за фиксно работно време бидејќи, според нив, тоа е спротивно на Гранскиот колективен договор потпишан на почетокот на годинава во кој е утврдено флексибилно работно време. […]

Тече рокот за поднесување тужби до Управен суд - МИА
Бизнис и економија

Управниот суд ја одби тужбата на „Еуростандард банка“

– Управниот суд ја отфрли тужбата на „Еуростандард банка“ во врска со решението на Народната банка донесено од страна на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Во образложението на одлуката се наведува дека за Еуростандард банка е отворена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*