Дачиќ тврди дека американските санкции за Вулин се „политички мотивирани“ за вештачка рамнотежа со Приштина

dacik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ тврди дека од САД не пристигнале докази за нивните тврдења против шефот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин, кому му се воведени санкции. Според него, „не се очекува да пристигнат докази затоа што не се работи за утврдување докази, туку за политички мотивирани санкции“.

„Од Америка не добивме ниту една информација, ниту индиција дека има некакви криминални дејствија. Секако дека ќе бараме објаснување од САД бидејќи тоа не е приватна работа, туку одлука насочена против висок државен функционер. Но… мотивот за оваа одлука е политиката“, изјави Дачиќ во интервју за весникот „Политика“.


Зборувајќи за тоа зошто се воведени тие санкции, Дачиќ рече дека тоа се „односите на Вулин кон Русија“. „Да воведовме санкции кон Русија, немаше да има санкции против Вулин или некој друг“, рече Дачиќ.

Тој оцени дека со таа акција САД „сакаат да направат некаков вештачки баланс“ меѓу Белград и Приштина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK