Дачиќ: Реципрочни мерки кон Црна Гора


 Србија спроведе реципрочни мерки, откако Црна Гора го забрани присуството на состаноци на државните органи и институции на вршителот на работите на Амбасадата на Србија во Подгорица и тоа истото го сторила кон „личноста број два“ на црногорската амбасада во Белград, изјави министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ објасни дека српскиот претседател синоќа свикал состанок на неколку министри и директорот на Безбедоносно-информативната агенција (БИА), за да разговараат за ситуацијата и проблемите во регионот, особено по нападот врз еден млад човек во Подгорица, затоа што покажал три прсти.

Зборувајќи за реципрочните мерки, шефот на српската дипломатија кажа дека Министерството за надворешни работи „го ускратил бројот два во црногорската амбасада – министерот советник, во Белград, да присуствува на состаноци во државните институции.“

Дачиќ потсети дека при обидот да се запали знамето на таа држава во Белград, Црна Гора реагирала и протестирала, додека се нема одгласено по повод снимките на кои се гледа мокрење на знамето на Србија кај нив.

-Србија стои зад интересите и правата на нашиот народ кој живеа во Црна Гора. Ние се бориме исклучиво за правата на српскиот народ, кои ги има 29 проценти. Проблемите во Црна Гора не се испровоцирани од Србија, напротив, тие се смируваат со балансирана реакција на властите од Белград, оцени Дачиќ.

Тој повтори дека Србија е за дијалог со Црна Гора и за смирување на ситуацијата во таа земја, затоа што не ја оспорува црногорската државност, но дека ќе одговори на секој напад врз Србите.


Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи - МИА
Вести

Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи

Скопје, 7 април 2020 () – На Инфективната клиника починаа четворица пациенти заболени од коронавирус: 52-годишен од Куманово, 65-годишна пациентка од Лабуништа-Струга, жена на 62 години  од тетовско Челопек и една 81-годишна од Штип. Во […]

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените - МИА
Бизнис

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените

Скопје, 7 април 2020 ()  – Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни […]

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките - МИА
Вести

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките

Скопје, 7 април 2020 () – Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што […]