Дачиќ: Разговорот со Зарзецки беше добар, нема да има санкции


“Разговорот беше коректен и добар и нема да има санкции, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Белград, по состанокот со директорот во Стејт департментот задолжен за санкции со Русија, Томас Зарзецки.

Според Дачиќ, Зарзецки бил задоволен од тоа што му го кажале, додавајќи дека „Србија сака отворени односи и нема што да крие“, јави дописникот на МИА од Белград.

Шефот на српската дипломатија оцени дека е во прашање редовна мисија на Зарзецки, затоа што врз основа на Законот за спротивставување на американските противници тој определува како да се спречат дејствијата против САД преку санкции.

-Тој проценува дали некој човек, компанија или држава треба да бидат под санкции. Тоа не е спектакуларна посета, тој веќе посети 60 земји, објасни Дачиќ, додавајќи дека основна порака што му ја пренел на Зарзецки е дека Србија сака отворен однос и нема намера да влегува во конфликт со САД.

Тој истакна дека Зарзецки барал разговори во Министерството за надворешни работи, дека тој го примил со цел да ја пренесе основната порака на Србија – дека сака целосно отворен, транспарентна однос, дека нема што да крие, ниту има намера да влезе во проблеми со САД.

-Од друга страна, реков дека имаме свои интереси во однос на заштитата на територијалниот интегритет и суверенитет и, според тоа, дека мора да водиме сметка за одбранбените способности и да водиме политика на воена неутралност, рече Дачиќ.

Зарзецки во Белград за останатите технички детали ќе разговара со претставници на министерствата за одбрана и финансии, додаде Дачиќ.


Вести

Граѓаните можат да направат увид во Избирачкиот список

– Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да направат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk и во нивните подрачни канцеларии. Исто така денеска почнува и рокот […]

Вести

Мицкоски: Бараме идна и неодложна ревизија на работата на врховните судии

– Бараме идна и неодложна ревизија на работата на врховните судии, без искучок и ревизија на нивните одлуки. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности, потребни се оставки, одговорност пред законите. Бараме реформа на Советот за […]

Вести

Се тестира потенцијална вакцина против коронавирусот

Производителот на лекови „Модерна“ од Кембриџ во американската држава Масачусетс испрати на тестирање до државните истражувачи потенцијална вакцина против коронавирусот. Вредноста на акциите на биотехничката компанија се зголеми рано изутринава, само еден ден откако компанијата […]