Црна Гора се подготвува за евентуален нов бран на коронавирус


Полицијата нема да дозволи собири на верници во Црна Гора - МИА

Подгорица, 22 мај 2020 () – Црногорскиот здравствен систем се подготвува за евентуален нов бран на коронавирус, изјави денеска црногорскиот министер за здравство Кенан Храповиќ, иако, како што вели, прашање е дали воопшто ќе се појави нов бран.

– Ние се подготвуваме како да ќе има нов бран. Ги видовме ефектите од мерките за превенција што ги спроведовме и суштината на соодветниот одговор е навремена заштита, изјави Храповиќ за новинската агенција Мина.

Црна Гора нема нови заразени повеќе од две недели, а Храповиќ потсети дека од 325 заразени лица, само 76 биле хоспитализирани.

– Црна Гора достигна 175 од почетните 75 респиратори за кратко време, испораката на десет респиратори се очекува следната недела, а 86 до крајот на јуни, додаде Храповиќ.


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]