Црна Гора: Поради закани евакуирани училишта, градинки и институции

ucilnica_3453453543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Наставата во сите црногорски училишта е прекината денеска откако на електронските адреси беа примени заканувачки пораки за бомбашки напади и напади со нервен гас, а закани стигнаа и до градинки и државни институции.

Евакуирани се градинки во Подгорица, а во исто време се упатени закани и на адресите на црногорското МВР, Управата на полицијата, Агенцијата за национална безбедност, Министерството за правда, Основниот и Високиот суд и локални медиуми.


Како што пренесуваат црногорските медиуми, во заканата се наведува дека канистри со наводно отровен нервен гас со детонаторни направи ќе бидат поставени во Подгорица, Бар, Будва и Котор.

Тоа е втор ден по ред како бројни црногорски институции добиваат закани, поради што се евакуирани.

Вчера на адреса на 120 училишта и институции во Црна Гора пристигна дојава за поставена бомба, кои поради новиот бран закани со бомби беа испразнети, а наставата беше прекината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK