Ципрас: Ако победи СИРИЗА, нема да има втори избори, ќе имаме прогресивна Влада

cipras
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ако победи СИРИЗА нема да одиме на втори избори, ќе формираме прогресивна Влада, порача лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Алексис Ципрас за време на денешната прес конференција во пресрет на изборите в недела, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас истакна дека сака Влада која ќе биде стабилна и долготрајна, а во однос на можните постизборни коалиции го повтори неговиот став дека партијата победник на изборите ќе може да формира Влада со ПАСОК која е на третата позиција, според истражувањата на јавното мислење.


-Мислам дека е јасно, како што покажуваат и анкетите и нашите процени, првата со третата партија ќе можат да направат Влада по изборите в недела. Ако Нова демократија е прва, господинот Мицотакис, според  моето мислење, ќе се обиде да формира Влада. Нема да ризикува втори избори, и покрај она што го кажува.  Ако не успее, ќе одиме на втори избори. Ако в недела СИРИЗА е прва, ќе има Влада, нема да одиме на втори избори. Ќе имаме формирање прогресивна Влада, порача Ципрас.

Изборите в недела ќе се спроведат според пропорционалниот модел со кој не е предвиден бонус од 50 пратеници за партијата победник, што значи дека ќе биде многу тешко да се формира еднопартиска Влада, а доколку партиите не коалицираат, земјата ќе оди на втори избори на почетокот на јули.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK