Цапак: Постои можност за враќање на самоизолацијата за државјаните на БиХ



Цапак: Ситуацијата во Задар ќе се закомплицира ако Ѓоковиќ е позитивен на Ковид-19 - МИА

Загреб, 7 јули 2020 ()  – Хрватска нема повторно да ги затвори своите граници и покрај зголемениот број заразени со коронавирусот, но во моментов ја преиспитува можноста за воведување мерка за самоизолација за граѓаните на Босна и Херцеговина, изјави директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Цапак.

-Одлуката се уште не е донесена, но таа е на маса. Ние ги предупредуваме граѓаните да не одат таму на шопинг  затоа што е поевтино, рече Цапак, додавајќи дека повеќе од 50 проценти од луѓето што доаѓаат ќе бидат вратени од границата.

Тој најави дека во следниот период ќе има средба со колегите од Словенија со цел да се договорат за преминување на границата, со оглед на фактот дека голем број туристи доаѓаат во Хрватска токму преку Словенија.


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*